info@egumi.mk       02/3111-131 & 070/306-729 

ИСТРАЖУВАМЕ: Колкава е разликата во сопирање помеѓу нов и истрошен пневматик?

Многу возачи посакуваат волшебно стапче кое би го решило проблемот со трошењето на финансиски средства потребни за замена на дотраените сетови на гуми, но друго решение нема освен набавка на квалитетни обувки за вашиот автомобил

cheap-car-tyres-in-auckland

 

Дали годината на производство е важна при купувањето нови пневматици?!

year of manufactureЧесто се водат полемики околу тоа колку е важна староста на пневматиците при купувањето и во кој рок продавачите треба да ги повлечат пневматиците од продажба. Се почесто се сретнуваат погрешни информации за векот на траењето на автомобилските гуми и мислењето дека тоа е побитно од нивниот профил. Токму затоа, на овие тврдење се одѕваа бројни стручни гумарски ревии и магазини, производители на пневматици и национални здруженија на дистрибутери, односно вулканизери во најголемите европски држави. Сите се согласија дека особено внимание треба да се посвети на длабочината на профилот и начинот на складирањето на автомобилските гуми, додека нивната старост, односно датумот на производство, не е толку важна.

Совети за безбедно возење во зимски услови

1Продолжените сончеви есенски денови придонесоа да подзаборавиме на студената зима и на возењето на нашите автомобили во зимски услови. Но, зимата е на прагот, а ние ќе се потрудиме да ви дадеме неколку корисни совети за возење во зимски услови на патиштата:

 Зимски гуми – во овие услови ве советуваме да возите со зимски гуми на сите четири тркала (длабочина на шарата од 4mm),како и ланци кои се местат по потреба. Со тоа не само што ќе ја исполните законската обврска, туку и ќе ја зголемите вашата безбедност.

Зошто да купувам зимски гуми кога не возам по снег?

1Околу зимските гуми постојат многу предрасуди и уште повеќе заблуди. Возачите избегнуваат да користат зимски гуми, мислејќи најчесто дека тоа се гуми за слаби возачи или гуми само за снег.

Зимски гуми? „Кај нас ретко паѓа снег“, „возам само куси растојанија, најчесто во град“, „цел живот возам со летни гуми и немам проблем на снег“. Тоа е само дел од мислењата што ги изнесуваат возачите, кога треба да се оправда не толку малата инвестиција од неколку стотини евра во комплет зимски гуми за автомобилот.

Казна од 45 евра за непоседување на зимска опрема во возилата

snow chainsОд 15-ти ноември 2016 година стапува на сила обврската за задолжително поседување на пропишана зимска опрема во моторните возила и мобилните машини. Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, согласно истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Како се местат ланци за снег?

lanci1. Паркирајте го автомобилот со тркалата поставени право. Извадете го едниот од ланците од кутијата и расплеткајте го пред погонското тркало.

Причини за да се заменат летните гуми со зимски

Зимските гуми не се гуми само за на снег.winter tires

Една од најчестите заблуди за тоа што зимските гуми не се потребни е тоа дека се користат само во услови кога има снег. Зимските гуми се дизајнирани да бидат поефикасни од редовните гуми на температура под 7 целзиусови степени на било кој тип на пат. Гумите за студено време се дизајнирани со поголем процент на природна гума и силикон и се помеки од синтетичката гума во студените денови.

Од 15 ноември до 15 март идната година, задолжително треба да се поседува пропишаната зимска опрема

1 Според членот 11 т.е. “Правилникот за задолжителна опрема на возилото” од МВР истакнуваат и дека прецизно е наведена зимската опрема која секоја категорија на возила треба да ја поседува во наведениот период.

Michelin Cross Climate

michelin

Новата револуционерна гума - Michelin Cross Climate, првата летна гума што може безбедно да се вози и во зима.

Зошто е потребно да ги замените зимските пневматици со летни?

Она што секој возач треба да го знае уште на самиот почеток е дека со користење на зимски гуми во текот на летото, нема да заштедите пари...

bridgestone.jpgcontinental.jpgdebica.jpgdunlop.jpgfalken.jpgfirestone.jpgfulda.jpggoodyear.jpghankook.jpgkleber.jpgkormoran.jpgmarangoni.jpgmatador.jpgmichelin.jpgnokian.jpgsava.jpgtigar.jpg