info@egumi.mk       02/3111-131 & 070/306-729 

 

Многупати досега се пишувало за тоа колку е опасно да се учествува во сообраќајот со летни гуми во зимски услови. Со престанувањето на законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, за возачите се јавува нова дилема - колку е опасно да се користат зимските гуми во летни услови?

 

Според некои груби проценки, дури една третина од возачите на овие простори одлучуваат да не ги сменат зимските гуми на крајот од зимата и продолжуваат истите да ги користат и во летни услови. Причини за ваквата одлука има повеќе, но најчесто распространети се две. Првата е дека така ќе се заштедат пари, бидејќи летните гуми не се законска обврска, а другата е лошата информираност на продавачите на зимски гуми, кои пневматиците со ознака „М + Ѕ“ ги продаваат како гуми за сите сезони, што всушност е голема грешка (за што и ќе пишувавме тука). Колку е опасно да се користат зимски гуми во текот на летото?

Повеќе пати досега сме потенцирале дека ваквото решение нема да ви заштеди пари. Покрај тоа, со користење на зимски гуми во текот на летото, се влошуваат перформансите на автомобилот и се продолжува кочењето, со што се намалува нивото на севкупна безбедност на патниците. Зимската гума е значително помека од летната, бидејќи во својот состав има силициум диоксид, што овозможува мекост дури и при ниски температури. Кога температурата ќе се зголеми, зимските пневматици стануваат претерано меки, а тоа ги прави лесни за прегревање и деформирање.

Ова е потврдено и во многу независни тестови, кои покажаа дека зимските гуми во споредба со летните, на суви подлоги, при температура од 20 степени Целзиусови и брзина од 100 km/h, имаат во просек за шест метри подолго растојание на сопирање. Ова значи дека кога автомобилот со летни гуми ќе застане, возилото со зимски пневматици се движи со 37 km/h!

Со користење на зимски гуми во текот на летото нема да заштедите пари. Зимските гуми ја зголемуваат потрошувачката на гориво. Нивниот дизајн создава поголем отпор при тркалање, а со тоа се зголемува и потрошувачката на гориво. Разликата може да изнесува и до неколку децилитри на 100 километри. Покрај тоа, поголем отпор на тркалање предизвикува зголемување на температурата на гумите, со што се зголемува и веројатноста за оштетување. Ова е особено забележливо во текот на летото, при возење на автопат со голема брзина. Во вакви услови, зимските гуми се прегреваат и можно е да пукнат.

Покрај тоа, зимските гуми се погласни од летните, особено на мазен и сув асфалт, што влијае врз удобноста во патувањето.

Со ова сметаме дека наведовме доволно важни причини поради кои би требало да се ослободите од зимските, и вашиот автомобил да го опремите со летни гуми.

извор www.koli.com.mk

bridgestone.jpgcontinental.jpgdebica.jpgdunlop.jpgfalken.jpgfirestone.jpgfulda.jpggoodyear.jpghankook.jpgkleber.jpgkormoran.jpgmarangoni.jpgmatador.jpgmichelin.jpgnokian.jpgsava.jpgtigar.jpg