info@egumi.mk       02/3111-131 & 070/306-729 

Според членот 11 т.е. “Правилникот за задолжителна опрема на возилото” од МВР истакнуваат и дека прецизно е наведена зимската опрема која секоја категорија на возила треба да ја поседува во наведениот период.
Според Правилникот:
Задолжителна зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg претставува:
- Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4mm или доколку возилото поседува летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4mm да поседува синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.
 
Задолжителна зимска опрема на моторни возила со погон на сите тркала (4x4) претставува:
- Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6mm или летни пневматици со минимална длабочина од 4mm, доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина во случај кога возилото има постојан погон на сите тркала, или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон. 
 
Задолжителна зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg претставува:
- Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6mm или доколку возилото има летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4mm, да поседува синџири за снег соодветни на големината на пневматиците.
- Автобусите и товарните возила кои неможат да постават синџири на тркалата задолжително треба да поседуваат зимски пневматици на погонските тркала како и прирачен алат.
 
Според Правилникот, зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „М&S“ како и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Исто така според Правилникот, во патниот сообраќај не се поставуваат пневматици со клинци.
 
Униформираните полициски службеници можат да наредат на возачите кои не се придржуваат на пропишаните законски норми, да го прекинат натамошното движење на возилото, доколку на патот има знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема, како и во случај кога нема таков знак, но условите на патот не овозможуваат безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
 
Од МВР апелираат граѓаните да постапуваат во согласност со пропишаните законски норми, секако, во интерес на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

bridgestone.jpgcontinental.jpgdebica.jpgdunlop.jpgfalken.jpgfirestone.jpgfulda.jpggoodyear.jpghankook.jpgkleber.jpgkormoran.jpgmarangoni.jpgmatador.jpgmichelin.jpgnokian.jpgsava.jpgtigar.jpg