info@egumi.mk       02/3111-131 & 070/306-729 

 Потребни ќе ви бидат следниве „состојки“:

  • 1 (еден) автомобил, по желба.
  • 1 (еден) сет ланци за снег, во димензии кои одговараат веќе-одбраниот автомобил.
  • 1 (еден) пар ракавици (не е задолжително, но е препорачливо)
  • ∞ (многу) нерви. Колку е поладно, толку повеќе нерви.

1. Паркирајте го автомобилот со тркалата поставени право. Извадете го едниот од ланците од кутијата и расплеткајте го пред погонското тркало.

 

2. Протнете ги ланците зад тркалото и проверете дали има нешто заплеткано или заглавено.

 

3. Обрачот од ланците извлечете го над тркалото и спојте ги краевите.

 

4. Повторно проверете ги сите делови од ланецот и спојте ги средните делови од ланецот.

 

5. Повлечете го обрачот зад тркалата и проверете дали еднакво е оддалечен од сите рабови на тркалото. Ланецот треба да лежи на нагазната површина од гумата.

 

6. Спојте ги и останатите вериги од ланецот, притегнете ги краевите за да нема никакво непотребно движење

Честито, само што успешно наместивте ланци за снег на едното погонско тркало! Сега постапката повторете ја и на другото погонско тркало!

Запомнете:

  • Ланците треба да се добро стегнати, за да нема никакво непотребно движење на ланецот. Доколку има, тој може да се откачи и сериозно да го оштети вашето возило.
  • Процедурата за местење на ланци не е иста за сите видови ланци. Ние избравме еден од најсекојдневните пакети, но постојат и други.
  • Ланците се местат на погонските тркала!

 

Фотографија: Кристијан Ивановски

извор: carclub.mk

 

bridgestone.jpgcontinental.jpgdebica.jpgdunlop.jpgfalken.jpgfirestone.jpgfulda.jpggoodyear.jpghankook.jpgkleber.jpgkormoran.jpgmarangoni.jpgmatador.jpgmichelin.jpgnokian.jpgsava.jpgtigar.jpg