info@egumi.mk       02/3111-131 & 070/306-729 

 

1) Зимските гуми не се гуми само за на снег

Една од најчестите заблуди за тоа што зимските гуми не се потребни е тоа дека се користат само во услови кога има снег. Зимските гуми се дизајнирани да бидат поефикасни од редовните гуми на температура под 7 целзиусови степени на било кој тип на пат. Гумите за студено време се дизајнирани со поголем процент на природна гума и силикон и се помеки од синтетичката гума во студените денови.

2) Зимските гуми навистина функционираат

Tirerack има тестирано зимски гуми Bridgestone Blizzak WS60 против летна гума на Bridgestone RE050A во ледени услови. Со само 10mph зимските гуми запреа во 6,4 метри, додека на летните гуми им е потребно два пати повеќе далечина при истата брзина. Замислите ја разликата за 30mph.

3) Зимските гуми може да ви заштедат пари

Современите автомобили имаат големи бандажи со скапи нископрофилни гуми. Откако ќе се направи мал издаток за еден сет на челични бандажи, зимските гуми често се поевтини заради нивната помала големина. Додека возите на зимски гуми, не ги трошите вашите скапи летни гуми, со што заштедувате на пари.

4) ABS системот не го запира автомобилот побрзо

Уште една причина што често ја слушаме е дека зимските гуми не се потребни благодарение на ABS системот.ABS-от е дизајниран за да овозможи контрола на управувачот во вонредни ситуации и нема да го запре автомобилот побрзо при ситуации на слаб стисок на гумата на подлогата.

5) Зимските гуми се удобни како летните гуми

Уште еден мит е губење на комфор при возење или екстра бучава благодарение на зимските гуми. Вистината е дека модерните зимски гуми се исто удобни како и летните гуми, понекогаш и повеќе благодарение на зголемениот профил.

 

Од 15-ти Ноември започнува сезоната на обавезна зимска опрема , нашата комплетна понуда на зимски гуми може да ја видите на www.еgumi.mk или контактирајте не на телефонскиот број 070/306-729

bridgestone.jpgcontinental.jpgdebica.jpgdunlop.jpgfalken.jpgfirestone.jpgfulda.jpggoodyear.jpghankook.jpgkleber.jpgkormoran.jpgmarangoni.jpgmatador.jpgmichelin.jpgnokian.jpgsava.jpgtigar.jpg