info@egumi.mk       02/3111-131 & 070/306-729 

2

Околу зимските гуми постојат многу предрасуди и уште повеќе заблуди. Возачите избегнуваат да користат зимски гуми, мислејќи најчесто дека тоа се гуми за слаби возачи или гуми само за снег.

Зимски гуми? „Кај нас ретко паѓа снег“, „возам само куси растојанија, најчесто во град“, „цел живот возам со летни гуми и немам проблем на снег“. Тоа е само дел од мислењата што ги изнесуваат возачите, кога треба да се оправда не толку малата инвестиција од неколку стотини евра во комплет зимски гуми за автомобилот.

Но, тоа што веќе го знаат возачите кои користат зимски гуми и тоа што го потврдуваат споредбените тестирања е следново: Летните гуми се изработени од мешавина што е предвидена за топло температурно подрачје и поради тоа скрутуваат веќе при температура од +7 степени Целсиузови, а со тоа се намалува и сигурноста на контактот со подлогата. Седум степени над нулата! Наспроти тоа, зимските гуми, односно гумите со мешавина што е предвидена за студено температурно подрачје, ја задржуваат еластичноста при овие температури, а секако дека поседуваат и специјален профил, кој обезбедува добар контакт на гумата при возење по снег или по замрзнат пат.

Летните гуми покажуваат слабост наспроти зимските уште при +7°С

За оправданоста на инвестицијата во зимски гуми: Фактот што зимските гуми имаат покус пат на сопирање при температури од +7 oC во споредба со летните гуми, значи дека при нагло запирање сé уште би можело да се избегне удар во возилото напред и оштетување на возилата, а секако и поштеда на патниците од повреди. Настрана фактот што летните гуми, поради слабиот контакт со подлогата при ниски температури, може да доведат и до излетување на возилото при ненадејна пречка на патот или неочекуван остар свијок.

Уште еден факт што не смее да се превиди е поголемото трошење на летната гума при ниски температури. Поради скрутувањето на смесата на гумата, профилот на газечката површина се троши побрзо и поинтензивно, отколку кај зимските гуми. Затоа, инвестицијата во зимските гуми не е дополнителен трошок, туку е само заштита на инвестицијата во гумите на автомобилот воопшто, односно при користење гуми што се соодветни на сезоната, се продолжува нивниот век и се одложува неопходноста од купување нови гуми, и летни и зимски.

Исто како летните гуми, зимските гуми се бескорисни ако профилот е истрошен

Ниту најдобрата гума не е од корист ако профилот е истрошен. Длабок профил на гумата е неопходен првенствено при возење по снег и кал, за гумите во тој случај да можат добро да зафатат во подлогата. Препорака е зимските гуми да се заменат кога профилот ќе се истроши на помалку од 4 милиметри. Староста на гумите исто така е важна. По шест години, смешата на гумата станува толку крута, што значително се намалува „грипот“ при ниски температури.

zimski gumi testiranje (2)

Уште една заблуда: „Доволно ми е зимски гуми да монтирам само на предната оска“. Возачката логика често пати наведува на помислата дека гумите со подобар профил, во случајов зимските гуми, треба да се монтираат напред, на управуваната оска. Законите на физиката сепак говорат поинаку. Во свијоци, при лизгав пат, а особено при снег на патот, задните гуми со „послаб“ профил не се во состојба да ја издржат страничната сила и лизгаат, предизвикувајќи излетување на возилото од патот. Затоа е подобро гумите со подобар профил да се монтираат назад. Но, и тоа е погрешно, затоа што при силно сопирање и на лизгава подлога е голема опасноста дека возилото ќе ја изгуби стабилноста. Правилото е: Зимски гуми на сите четири тркала и замена на гумите во дијагонала на почетокот на секоја нова сезона. На тој начин се постигнува порамномерно трошење на гумите.

 

извор:automedia.mk

www.egumi.mk

bridgestone.jpgcontinental.jpgdebica.jpgdunlop.jpgfalken.jpgfirestone.jpgfulda.jpggoodyear.jpghankook.jpgkleber.jpgkormoran.jpgmarangoni.jpgmatador.jpgmichelin.jpgnokian.jpgsava.jpgtigar.jpg