ГАРАНЦИСКИ УСЛОВИ
Производителот гарантира дека секој негов производ со негово име и сериски број е без дефекти во материјалот и во изработката. Гаранцискиот рок е 12/24 месеци и започнува од денот на продажбата на производот.
Оваа гаранција исклучително може да ја користи само сопственикот т.е.купувачот. Користењето на гаранцијата на овие производи не е преносливо и нема да се признае никаква рекламација, доколку не се приложи овој образец, уредно пополнет, со потпис и печат на продавачот и со приложување на фискална сметка или фактура со извод за плаќање.
ПОСТАПКА НА РЕКЛАМАЦИЈА
Во случај на појава на дефект кај гумата, купувачот може да иницира постапка за рекламација со обраќање на продавачот на телефонот за техничка подршка на egumi.mk, или во некој сервис партнер.
ПРАВО НА РЕКЛАМАЦИЈА
Право на рекламација имаат сите физички и правни лица кои се јавуваат како купувачи на гумата. Условите под кои може да се оствари правото на рекламација се следни:
1. Кога производот е купен од порталот на egumi.mk или во салонот на Тјунинг Центар ДОО Скопје и има гарантен лист заверен со дата, потпис и печат
2. Кога дефектот на гумата се однесува на погрешни матерјали или погрешна изработка на гумата.
3. Кога гумата се употребува во согласност со техничките упатства за употреба на гумата.
ОДЛУЧУВАЊЕ ПО РЕКЛАМАЦИЈАТА
Право на одлучување по рекламацијата има исклучиво овластениот работник во сервисот и стручниот работник на производителот на гумата.
ОБВРСКИ НА СЕРВИСОТ
1. Постапката на рекламација да се реши во рок од 15 дена, а најдоцна 30 дена од денот на поднесувањето на рекламацијата.
2. Да ги сноси сите транспорни трошоци и да ја замени рекламираната гума во случај на прифаќање на рекламацијата.
3. Обештетување на купецот со давање на попуст при купување на нови гуми сразмерно во % кој е прифатен при одлучувањето од страна на стручните работници.
4. Чување на гумата чија рекламација не е прифатена. Рокот на чување е 45 дена од известувањето на купецот дека рекламацијата не е признаета.
РЕКЛАМАЦИЈАТА НЕМА ДА СЕ ПРИЗНАЕ ВО СЛУЧАЈ:
1. Ако гумата била оштетена поради неисправност на бандажот, нестручно монтирање, монтирање и демонтирање од бандажот со употреба на сила или поради монтирање на несоодветен бандаж;
2. Ако за време на употреба, притисокот во гумата не одговарал спрема прописите на производителот;
3. Ако е пречекорено дозволеното оптеретување или ако гумата не била подеднакво оптоварена;
4. Ако е пречекорена максималната брзина која ја дозволува ознаката на определената гума;
5. Ако е гумата оштетена, односно нерамномерно истрошена поради техничката неисправност на возилото (неправилно подесени тркала, оштетени амортизери, неправилно работење на уредот за кочење итн.);
6. Ако оштетувањата на гумата за зимска или специјална употреба, настанале поради употреба во несоодветен временски период;
7. Ако гумата била оштетена поради надворешни влијанија и механички оштетувања;
8. Ако гумата е монтирана на возило за кое производителот на возилото во своите спецификации не пропишал таква големина и конструкција на гумите;
9. Ако оштетувањето настанало како последица на незгода или невнимание при возење;
10. Ако гумата е поправана (лепена со чеп; лепенка итн.).
Потрошувачот ги има законските права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на производите и овие прaва не се загрозени со гаранцијата.
Погледнете ја нашата понуда на
За сите дополнителни прашања слободно конактирајте не
Работно време од 09:00 до 18:00