Казна од 45 евра за непоседување на зимска опрема во возилата

Од 15-ти ноември 2019 година стапува на сила обврската за задолжително поседување на пропишана зимска опрема во моторните возила и мобилните машини. Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, согласно истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Според законските одредби и Правилникот задолжителна зимска опрема, моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми треба да поседуваат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4мм или доколку возилото поседува летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4мм да поседува синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.

Моторните возила со погон на сите тркала (4х4) треба да поседуваат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6мм или летни пневматици со минимална длабочина од 4мм доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина, во случај кога возилото има постојан погон на сите тркала или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон.

Возилата кои имаат маса над 3.500 кг треба да имаат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6мм или доколку возилото има летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4мм, да поседува синџири за снег соодветни на големината на пневматиците. Автобусите и товарните возила кои не можат да постават синџири на тркалата задолжително треба да поседуваат зимски пневматици на погонските тркала како и прирачен алат.

Побарај ја твојата димензија тука

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

preloader