РЕКЛАМАЦИЈА НА ПРОИЗВОД

Во случај од било која причина да не сте задоволни од производите, тие може да се заменат или да се вратат во рок од 7 дена од приемот, и вашите пари ќе ви бидат вратени.

За да го остварите ова право, треба да го испратите вашиот производ неоштетен во оригиналното пакување со сета опрема и документација со која производот бил при првичната испрака.

Ако производот е со одреден дефект и е во рамките на гарантниот период, купувачот треба да јави на овластен сервисен центар во согласност со инструкциите на гаранција.

ПОСТАПКА НА РЕКЛАМАЦИЈА

Во случај на појава на дефект кај гумата, купувачот може да иницира постапка за рекламација со обраќање на продавачот на телефонот за техничка подршка на egumi.mk, или во некој сервис партнер.

ОДЛУЧУВАЊЕ ПО РЕКЛАМАЦИЈАТА

Право на одлучување по рекламацијата има исклучиво овластениот работник во сервисот и стручниот работник на производителот на гумата.

ОБВРСКИ НА СЕРВИСОТ

1. Постапката на рекламација да се реши во рок од 15 дена, а најдоцна 30 дена од денот на поднесувањето на рекламацијата.

2. Да ги сноси сите транспорни трошоци и да ја замени рекламираната гума во случај на прифаќање на рекламацијата.

3. Обештетување на купецот со давање на попуст при купување на нови гуми сразмерно во % кој е прифатен при одлучувањето од страна на стручните работници.

4. Чување на гумата чија рекламација не е прифатена. Рокот на чување е 45 дена од известувањето на купецот дека рекламацијата не е признаета.

РЕКЛАМАЦИЈАТА НЕМА ДА СЕ ПРИЗНАЕ ВО СЛУЧАЈ:

1. Ако гумата била оштетена поради неисправност на бандажот, нестручно монтирање, монтирање и демонтирање од бандажот со употреба на сила или поради монтирање на несоодветен бандаж;

2. Ако за време на употреба, притисокот во  гумата не одговарал спрема прописите на производителот;

3. Ако е пречекорено дозволеното оптеретување или ако гумата не била подеднакво оптоварена;

4. Ако е пречекорена максималната брзина која ја дозволува ознаката на определената гума;

5. Ако  е гумата оштетена, односно нерамномерно истрошена поради техничката неисправност на возилото (неправилно подесени тркала, оштетени амортизери, неправилно работење на уредот за кочење итн.);

6. Ако оштетувањата на гумата за  зимска или специјална употреба, настанале поради употреба во несоодветен временски период;

7. Ако гумата била оштетена поради надворешни влијанија и механички оштетувања;

8. Ако гумата е монтирана на возило за кое производителот на возилото во своите спецификации не пропишал таква големина и конструкција на  гумите;

9. Ако оштетувањето настанало како последица на незгода или невнимание при возење;

10. Ако гумата е поправана (лепена со чеп; лепенка итн.).

Вашите поплаки и незадоволства можете да ги пријавите на телефонскиот број 02/3111-131 или испратете еmail на info@egumi.mk. Потрошувачот треба да го знае бројот на сметката или корисничкото име за да можеме да ја провериме вашата нарачка.

Погледнете ја нашата понуда на 

Зимски гуми

Летни гуми

Гуми за сите сезони 

За сите дополнителни прашања слободно конактирајте не 

02/3111-131

070/306-729

Работно време од 09:00 до 18:00